СОС Детско село ја најавува новата кампања „Заедно за среќно семејство“
- СООПШТЕНИЕ: Со слоганот Заедно за среќно семејство Биотек лабораторија и СОС Детско село започнаа соработка и најавија партнерство кое ќе значи здружување на силите за повеќе среќни семејства. Имено, во периодот кој следи, со секој направен Genesis – пренатален скрининг во Биотек лабораторија, дел од средствата ќе се донираат за помош на згрижувачките семејства и децата без родителска грижа, поддржани од СОС Детско село.
Скопје, 17 јуни 2024
Почитувани новинари и медиуми,
СОС Детско село ја најавува новата кампања Заедно за среќно семејство која ја спроведуваме со нашите пријатели и нови партнери, лабораторија Биотек.
Хуманитарна кампања “Безгрижна бременост за секоја мајка. Безгрижно детство за секое дете”
Со слоганот Заедно за среќно семејство Биотек лабораторија и СОС Детско село започнаа соработка и најавија партнерство кое ќе значи здружување на силите за повеќе среќни семејства. Имено, во периодот кој следи, со секој направен Genesis – пренатален скрининг во Биотек лабораторија, дел од средствата ќе се донираат за помош на згрижувачките семејства и децата без родителска грижа, поддржани од СОС Детско село.
„Среќни сме што имаме прилика да помогнеме за секое дете да расте во семејство, опкружено со љубов, почит и чувство на сигурност. Само заедно можеме да направиме разлика, па оттука и Биотек лабораторија како општествено одговорна компанија со задоволство се вклучува во кампања која придонесува за безгрижна бременост на идните мајки но со додадена хуманитарна вредност – повеќе насмевки и безгрижно детство за секое дете“, изјави директорката на Биотек лабораторија Анкица Синадинова Базерко.
„ Движечката сила на ова партнерство е Заедно за среќно семејство, бидејќи СОС Детско село веќе 23 години поддржува семејства за да може секое дете да расте со љубов, грижа и топлина, а Биотек Лабораторија, пак, нуди модерен и софистициран пристап за дијагностика и поддршка за сите здравствени предизвици. Кога ќе се спојат две вакви мисии, визијата за повеќе среќни семејства се чини лесно остварлива. Среќни сме што нашето семејство на поддржувачи порасна за уште еден лидер во својата област и дека заедно ќе придонесеме за многу радосни моменти на дечињата и на семејствата во целост“, рече Силвија Брајовиќ, од СОС Детско село.
Биотек лабораторија го промовира тестот GENESIS, кој претставува пренатален скрининг и дијагноза како ефективни методи за редукција на инциденца на генетски дефекти. Анализата се прави преку крвта на мајката, опфаќа скрининг на 100 потенцијални хромозоски абнормалности и е комплетно точна и безбедна.
СОС Детско село
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
фото: СОС Детско село