• среда, 27 ноември 2024

Состојба со Ковид-19 во светот до 13 часот

Состојба со Ковид-19 во светот до 13 часот
Скопје, 17 март 2020 (МИА) – Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 186.689 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 7.471, а оздравеле 80.837. - Во Виетнам е воведен задолжителен карантин за сите кои доаѓаат од САД, Европа и земјите од АСЕАН. - Шпанија, која е на чекор од преминување на психолошкиот праг од 10.000 заболени од Ковид-19, денеска ги затвори копнените граници за сите странци кои не работат во земјата или немаат дозвола за престој. - Унгарија соопшти за 50 заболени, од кои 39 Унгарци, деветмина од Иран и по еден од Велика Британија и Казахстан. - Австрија предупреди дека секои три дена се удвојува бројот на заразени, што значи дека ефективната стапка на ширење на вирусот изнесува 1,44. Тоа значи дека една заразена личност во просек го пренесува вирусот на други 1,44 лица. - Германскиот министер за економија Петер Алтмаер рече дека кризата со коронавирусот ќе трае најмалку до крајот на мај. - Франција го одложи вториот круг од локалните избори, откако бројот на заразени достигна 6633, а починати се 148 лица од последиците на Ковид-19. - Во САД над 4700 инфицирани од новиот коронавирус и со над 80 смртни случаи. Гувернерот на државата Охајо одлучи да ги одложи внатрепартиските демократски избори, закажани за вторник. - Американскиот претседател Доналд Трамп, во обраќањето до јавност за насоките за борба против Ковид-19, предвиде можна рецесија во САД. - Американските компании бараат 50 милијарди долари помош од државата. Германската авиокомпанија Луфтханза ќе затвори 90 отсто од своите капацитети на долгите летови. ссм/
.

Остани поврзан