Состојбата на пожарот кај Битола е стабилна, противпожарните екипи на терен со интервенции на потенцијалните жаришта
- Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Битола, заедно со вработени од јавните претпријатија, членови на противпожарни друштва и волонтери и денеска продолжуваат со интервенции на просторот над обиколницата, каде деновиве имаше големи пожари.
![Состојбата на пожарот кај Битола е стабилна, противпожарните екипи на терен со интервенции на потенцијалните жаришта](https://mia.mk/index.php/images/20240717141754_big_730x400_77.webp )
Скопје, 17 јули 2024 (МИА) - Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Битола, заедно со вработени од јавните претпријатија, членови на противпожарни друштва и волонтери и денеска продолжуваат со интервенции на просторот над обиколницата, каде деновиве имаше големи пожари.
Од Општина Битола информираат дека во моментот состојбата е мирна и нема горење, но на терен интервенираат над 70 лица, кои вршат санирање на локациите кои се потенцијални жаришта и каде што при силен ветер може да настане запалување.
Додаваат дека екипите остануваат на терен се’ до комплетно ликвидирање на пожарот. ад/дма/
Фото: Општина Битола