• вторник, 24 декември 2024

Состојба со Ковид-19 во светот до 19 часот

Состојба со Ковид-19 во светот до 19 часот
Скопје, 3 мај 2020 (МИА) – Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 3.531.120 лица. Од нив починале 246.825, а оздравеле 1.131.423 луѓе. - Во американската сојузна држава Њујорк потврдени се нови 280 смртни случаи од Ковид-19, изјави гувернерот Ендрју Комо. Сите болници ќе мораат да имаат резерви на заштитна опрема за 90 дена. - Италија соопшти за нови 174 смртни случаи од коронавирус, а новозаразени се 1.389 лица. - Повеќе од 66.000 луѓе во САД починаа од последици на новиот коронавирус, а заразени се 1.134.058 лица, соопшти Универзитетот „Џон Хопкинс“. - Црна Гора очекува наскоро целосно да го искорени коронавирусот, откако денеска нема ниту едно потврдено новозаразено лице, а во последните седум дена е регистриран само еден случај на зараза. - Во Финска во последните 24 часа починале десет лица од Ковид-19, а заразени уште 78. - Во последното деноноќие во Шведска се зарзени 235 лица, а од коронавирусот починале уште десет луѓе. Со тоа вкупната бројка во земјата изнесува 22.317 заболени и 2.679 смртни случаи. - Во Бангладеш во последните 24 часа забележани се 665 новозаразени случаи со коронавирус, што е најголем дневен пораст на бројот на заболени во таа земја од почетокот на пандемијата. - Тајланд почна со ублажување на мерките за ограничување и на граѓаните од денеска им се дозволени прошетки во парковите, ресторани и продавници. Укината е и забраната за купување алкохол. гт/

Остани поврзан