• среда, 25 декември 2024

Состанок на АВМУ за реализираните активности, прекршувањата на законските одредби и примената на медиумската регулатива

Состанок на АВМУ за реализираните активности, прекршувањата на законските одредби и примената на медиумската регулатива
Скопје, 29 јуни 2022 (МИА) - Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска ќе го одржи вториот јавен состанок за 2022 година. Покрај реализираните активности на Агенцијата за вториот квартал од годината, ќе се дискутира и за најчестите прекршувања на законските одредби на радиодифузерите и како тие да се отстранат. На состанокот ќе бидат споделни и искуствата на радиодифузерите од досегашната примена на медиумската регулатива и предлози за нејзина измена, информираат од АВМУ. На состанокот ќе се обратат директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски, м-р Ивона Муфишева од АВМУ и претставник од една телевизија. Состанокот ќе се одржи во просториите на Агенцијата. рп/сп/

Остани поврзан