• сабота, 09 ноември 2024

Соработка на КСЗД и ИДУЕП во борбата со дискриминирачки говор и други негативни појави на интернет

Соработка на КСЗД и ИДУЕП во борбата со дискриминирачки говор и други негативни појави на интернет
Скопје, 1 јуни 2022 (МИА) - Меморандум за соработка денеска ќе потпишат Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) и Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) со што ќе се официјализира соработката меѓу двете организации со цел поддршка во националната борба против дискриминирачкиот говор и другите негативни појави во интернет-просторот. -Целта на меморандумот е поддршка на работата на КСЗД преку воспоставувањето соработка и заедничко застапување во јавноста на темата поврзана со борбата против дискриминирачки говор, дискриминацијата и другите негативни аспекти во интернет-просторот, како и креирање поширока платформа на организации и други општествени чинители во процесот на изнаоѓање успешни решенија, пракси, односно автентичен национален модел за ефикасно справување со дискриминирачкиот говор и другите негативни појави на интернет, соопшти ИДУЕП. Двете страни  потписнички ќе работат и на изнаоѓање заедничка платформа за автоматизација на пријави поврзани со дискриминирачки говор на интернет до Комисијата преку аплицирање за меѓународна поддршка за имплементација на таков софтвер/решение од поширок јавен интерес и примена. хс/мд/        

Остани поврзан