• вторник, 24 декември 2024

Соопштение од УКИМ за лекторите по македонски јазик на МСМЈЛК

Соопштение од УКИМ за лекторите по македонски јазик на МСМЈЛК

Скопје, 22 април 2024 

Почитувани,

 

Во врска со Соопштението од лекторите по македонски јазик на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје го дава следново појаснување:

               Со оглед на тоа што секогаш се применуваат правата кои се поповолни за работникот, лекторите кои се вработени во 11 активни лекторати во универзитетите во странство, од 2021 година до денес, земаат плата согласно Колективниот договор за високо образование и наука, потпишан од Министерството за образование и наука и СОНК.

                Во Колективниот договор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје коефициентот на лектор е понизок од коефициентот на доцент бидејќи условите за избор на лектор не се еднакви со условите за избор на доцент.

Во меѓувреме, испратен е и допис до Министерството за образование и наука од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, да се смени коефициентот за пресметка на плата за лектор во Законот за високото образование, како што е во Колективниот договор за високо образование и наука, каде коефициентот на лектор е на ниво на доцент.

                Треба да се има предвид дека целиот текст на Колективниот договор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, вклучително и коефициентот за плати е усогласен помеѓу Синдикатот на УКИМ и Собранието на Република Северна Македонија, односно не се работи за акт донесен само од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

                Во врска со девизниот надоместок и начинот на исплатата на платата на лекторите во текот на годината, надлежно е Министерството за образование и наука.

 

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

Остани поврзан