• среда, 25 декември 2024

Соопштение од раководството на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј" Битола

Соопштение од раководството на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј
26 август 2022  Управниот одбор на Детско ликовно студио "Свети Кирил и Методиј" Битола денес ја одржа првата прес конференција на која од наша страна присутни беа Претседателот на Детско ликовно студио "Свети Кирил и Методиј" Битола Елена Хаџи-Антоновска и Претседателот на Управниот Одбор Славчо Неделковски. Пресот го започна и водеше Претседателот на Управниот Одбор. "Oваа недела започнаа обидите за затворање на "Детско ликовно студио "Свети Кирил и Методиј" Битола по 55 години постоење. "Детско ликовно студио "Свети Кирил и Методиј" Битола во основа останува на барањето трајно решение кое тврди дека треба да е продолжување на поддршката од страна на Министерство за образование и наука на Македонија како и изминатите 3О години и тоа на истото ниво по Програма 2О со која спаѓа во секторот Основно Образование. Прифатено е временото решение понудено од страна на Општина Битола со кое се дава на време со финансиска поддршка "Детско ликовно студио "Свети Кирил и Методиј" Битола до крајот на календарската 2О22 година. И тоа е единствената искрена понуда во која нема скриени намери. "Детско ликовно студио "Свети Кирил и Методиј" Битола е лозницата која половина век години работи на ликовна едукација со деца на светско ниво а грозјето е светската детска ликовна колонија "Мал Битолски Монмартр" која се реализира 41 година без прекин. Не може сега некој да го сака грозјето а да става варова вода на лозницата. Нема простор некој да ни подаде рака. Државата мора да ни помогне. Формата ако станала незаконска со измени на закон нека се корегира. Ние не сме Законодавец а ако Законот е прекршен нека има одговорност кај органот кој финансирал. "Детско ликовно студио "Свети Кирил и Методиј" Битола не ја прифати понудата на Министерката за култура затоа што беше во најмала рака трагична и водеше кон уништување на работата на "Детско ликовно студио "Свети Кирил и Методиј" Битола но откако суптилно ќе се открадне брендот. Ние имаме колонии од Хонг Конг [ Кина ] па се до Португалија. Ние имаме пет колонии кои се наши чеда низ светот а од оваа година започнавме и со детска ликовна колонија во Бугарија со "Малиот Монмартр во Пловдив". Денес со нас тука се и Генералниот Конзул на Република Бугарија. И тие се наши партнери со три проекти. Наши партнери се и над 5ОО школи и центри за ликовна едукација од цел свет кои веќе и писмено реагираат кај Министерството за образование и наука на Македонија. И УНЕСКО подготвува малку поголем документ со реакција. Следен чекор се странските амбасади. Следен чекор ни е и Претседателот на Влада. Нас не ни е јасно како едно министерство смета дека сме незаконско финансирани а друго веднаш се нуди за помош. Нема логика. Имаме и активности и ги отворивме сметките за донации. Ние ќе го преживееме периодот додека државата се свести а решение ќе мора да има. Она што следи е исто така и реализацијата на Проектите кои ги планиравме. "Детско ликовно студио "Свети Кирил и Методиј" Битола ќе ја започне школската 2О22 – 2О23 година не со 2 класа по 2О ученици како што имавме обврска кон Министерството за образование и наука ами со 8О ученици. Имаме и сугестии да наплаќаме. Тука како раководство имавме јасна и гласна одлука. Половина век од свој џеб плаќаме за работни материјали се со цел учениците кај нас бесплатно да сликаат и тоа нема да се промени. Ние сме отворени кон секоја донација но независноста во одлуките е наша а тие се истите според визијата и мисијата на нашиот основач Коста Хаџи-Антоновски. Утре [ 27 август 2О22 година / Сабота ] од 1О до 12 часот отвораме и Кутија за донации која ќе биде поставена на платото пред "Детско ликовно студио "Свети Кирил и Методиј" Битола и нашите ученици ќе творат. Новитет е телефонскиот разговор со министерот за образование и наука Јетон Шаќири кој истакна дека иако бил во тек со сите активности не е подготвен да потпише ни негативно ни позитивно решение за нашата состојба. Истакна дека изјавите со кои ни беше соопштено дека поддршката прекинува се точни но дека без Решение тие не се ефективни и појасни дека активирал комисија за трето мислење кое ќе биде испратено до нас во текот на следната недела. Управниот Одбор на "Детско ликовно студио "Свети Кирил и Методиј" Битола останува на ставот дека ако Министерството за образование и наука на Македонија смета дека незаконски не финансирало некој таму треба да понесе одговорност за изминатите 29 години а ако Законите се менувале некој требало да мисли на трајни решенија. Управниот Одбор цени дека Министерот Шаќири има објективни причини поради кои нема финално Решение но цени дека големи се можностите тоа да е негативно па ќе продолжи со алармирање затоа што моменталната блокада не носи кон блокада од Управата за јавни приходи и генерира огромни казнени долгови што не е никако добра намера. За крај сумирано го повторуваме апелот кој никако некои политички активисти да го разберат. Прекинете со политичко и партиско боење на проблемот. Овде има само малолетни деца со талент да сликаат а тие и по Закон немаат право на глас. Вашата дневна доза политиканство барајте ја на друго место!" истакна Славчо Неделковски во име на "Детско ликовно студио "Свети Кирил и Методиј" Битола. Управен одбор на Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ - Битола  ____________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан