• четврток, 26 декември 2024

Соопштение од Клубот на пратенички за родово заснованото насилство

Соопштение од  Клубот на пратенички за  родово заснованото насилство

29 септември 2023 

Почитувани граѓанки и граѓани,

Ние, жените пратенички, од Клубот на пратенички и Комисијата за еднакви можности на мажите и жените, кои едногласно ги подржаваме измените на Кривичниот законик врзани за родово заснованото насилство, ОСТРО и СИЛНО ги осудуваме зачестените случаи не само на свирепо насилство, туку и на фемицид.

Воедно, јавно изразуваме согласност со „Националната мрежа проти насилство врз жени и семејно насилство“ од страна на ОЈО да се земат во предвид сите елементи кои укажуваат на ФЕМИЦИД , во грозоморното дело во Кочани и делото да се оквалификува како такво, наместо убиство на свиреп начин.

Повикуваме на итен и ефикасен ангажман на сите органи, организации и субјекти, надлежни за превенција, спречување и санкционирање на родово заснованото насилство, потсетувајќи на заедничката и поделена одговорност за злото со кое се соочуваме. 

Клуб на пратенички и Комисијата за еднакви можности на мажите и жените

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

 

 

Остани поврзан