• вторник, 24 декември 2024

Соопштение од Здружението на доктори специјалисти по стоматолошка протетика, ортодонција и орална хирургија

Соопштение од Здружението на доктори специјалисти по стоматолошка протетика, ортодонција и орална хирургија

Скопје, 12 јануари 2024

Се известуваат граѓаните на РСМ односно осигурениците на ФЗО дека се настанти големи промени во користењето на стоматолошките услуги во специјалистичките стоматолошки ординации.

После 16 години преговори помеѓу ФЗО и специјалистите стоматолози конечно на крајот на годината фондот утврди приближно реална цена на специјалистичките услуги ( протетски, ортодонтски и орално хируршки услуги). Но со тоа реши само едно барање од повеќето барања на стоматолозите специјалисти кој долги години преговараа.

Со тоа бројот на услугите што може една ординација да ги понуди се намали (преполови) за 50% .

Тоа би значело дека докторот специјалист по соодветната специјалност може да пружи половина од услугите за соодветниот месец, и на тој начин на осигурениците на ФЗО ќе им биде одземено правото навремено да добијат специјалистички стоматолошки услуги. На овој начин пациентите ќе чекаат повеќе месеци за да можат да добијат услуга во специјалистички ординации или ќе мора приватно да ги плаќаат услугите.

Со намалување на бројот на услуги фондот не го реши нашиот 16 годишен проблем: бидејќи истата сума пари (буџет ) ја издвојува за специјалистичката стоматолошка дејност, а на осигурениците им ги преполови услугите.

Сите овие промени и измени на законот беа донесени три дена (28.12.2023) пред новата година. Во овој краток период докторите се затекнати и збунети како ова да им го објаснат на своите пациенти и како да постапуваат со нив.

 

Здружение на специјалисти стоматолози

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан