• петок, 05 декември 2025

Сообраќајот се одвива непречено, на ГП Богодорица се чека околу 40 минути од македонска страна

Сообраќајот се одвива непречено, на ГП Богодорица се чека околу 40 минути од македонска страна

Скопје, 20 јуни 2025 (МИА) - Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица, информираа од АМСМ, задржувањето од македонска страна е околу 40 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. цр/вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан