• сабота, 23 ноември 2024

Сообраќајни казни за 175 пешаци на територијата на цела држава, 155 за преминување на улица надвор од пешачки

Сообраќајни казни за 175 пешаци на територијата на цела држава, 155 за преминување на улица надвор од пешачки

Скопје, 4 април 2024 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден во периодот од 10.00 до 16.00 часот во спроведена сообраќајна контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците, санкционирани се 175 пешаци, соопштија денеска од МВР.

Од нив, 155 казни биле за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин... За време на контролата санкционирани се и 135 други видови на сообраќајни прекршоци.

- Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано, наведуваат од МВР и најавуваат дека сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан