• среда, 25 декември 2024

Сом тежок 80 килограми уловен на Калиманско Езеро

Сом тежок 80 килограми уловен на Калиманско Езеро

Делчево, 10 август 2023 (МИА) -  Спортскиот риболовец Ванчо Стојмирски од Делчево улови сом тежок 80 килограми во Калиманско Езеро. 

-Сомот кој е позната езерска риба го фатив на Калиманско Езеро. Должината му е 2,4 метри, а тежок е 80 килограми, иако на вагата покажува 82,05 кг. Тоа е поради садот во кој е ставен на мерење кој тежи 2,05 килограми, вели Стојмирски.

Претходно во месец јули годинава спортскиот риболовец Горанчо Ќурчиски фати сом тежок 70 килограми.

-Со Ванчо сме често на риболов. Во мојот случај тој ми помогна да го извадиме од водите. Тежеше за 10 килограми помалку од оној на Стојмирски, значи 70 килограми и 230 сантиметри, додава Ќурчиски.

Калиманско Езеро изобилува со ретки примероци на сом, а токму делчевските риболовци се едни од рекордерите со најголем улов на познатото вештачко езеро. вс/дма/


Фото: МИА

Остани поврзан