• четврток, 07 ноември 2024

Сомалија го протерува амбасадорот на Етиопија поради мешање во внатрешните работи

Сомалија го протерува амбасадорот на Етиопија поради мешање во внатрешните работи

Могадишу, 4 април 2024 (МИА) - Сомалија денеска му наложи на амбасадорот на Етиопија да ја напушти земјата во рок од 72 часа или три дена, неведувајќи го како причина мешањето на Етиопија во внатрешните работи на Сомалија.

Сомалија, исто така, нареди затворање на етиопскиот конзулат во отцепениот регион Сомалиленд и полуавтономниот регион Путланд и исто така го повлече својот амбасадор од Етиопија на „консултации“.

Етиопија не одговорила веднаш на протерувањето на нивниот амбасадор, но извор од нивната амбасада во Могадишу потврдил дека тие го добиле барањето, пренесува Бета-АП.

Одлуката на сомалиската влада доаѓа три месеци откако Етиопија постигна договор со отцепениот регион Сомалиленд, кој Сомалија го осуди како грубо мешање во нејзиниот суверенитет и територијален интегритет.

Договорот ѝ даде на Етиопија пристап до отворено море преку пристаниште во Сомалиленд, додека за возврат Етиопија ќе го признае Сомалиланд како независна земја. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан