Сомалиските безбедносни сили ги елиминираа милитантите на Ал Шабаб кои нападнаа хотел во Могадишу
- Припадниците на оваа милитантна исламистичка група и претходно го напаѓа истиот хотел, што често го посетуваат државни функционери, а во овој напад беа повредени четворица пратеници од сомалискиот Парламент, јави Би-Би-Си.

Могадишу, 15 март 2024 (МИА) - Сомалиските безбедносни сили ги „неутрализираа“ членовите на милитантната група Ал Шабаб кои го нападнаа познатиот хотел „Сил“, веднаш до претседателската палата, јавија британските медиуми.
Припадниците на оваа милитантна исламистичка група и претходно го напаѓа истиот хотел, што често го посетуваат државни функционери, а во овој напад беа повредени четворица пратеници од сомалискиот Парламент, јави Би-Би-Си.
Нападот бил извршен кога бомба го уништила ѕидот на хотелот низ кој минувале напаѓачите, а полицаецот Абдирахим Јусуф изјави дека сите „терористи се убиени“ и дека „ситуацијата се нормализира“, пренесе Ал Арабија Њуз.
Ал Шабаб, гхрупа која е тесно поврзана со Ал Каеда, уште од 2006 година води бунт против сомалиската Влада во обид да воспостави сопствено владеење, врз основа на строго толкување на исламскиот шеријатски закон. сд/
фото:ЕПА