• четврток, 05 декември 2024

Современ инкубатор за кумановската општа болница

Современ инкубатор за кумановската општа болница

Куманово, 11 ноември 2024 (МИА) - Чешката амбасада донираше современ инкубатор за новороденчињата во кумановската општа болница за одделот неонатологија. На денешното примопредавање на инкубаторот, присуствуваше и министерот за здравство, Арбен Тараври. кој заедно со менаџерскиот тим на болницата се заблагодарија за донацијата на апаратот, значаен за кумановската болница.

- Посебна чест и задоволство денеска со амбасадорот на Чешка во Макеоднија да ја посетиме општата болница во Куманово заедно со директорот и со заменик министерот да промовираме нов апарат, можеби не многу скап, но важен за функционирањето на неонатаолшкиот оддел за Куманово. Се работи за инкубатор кој недостасуваше во болницата во Куманово, инкубаторот е еден од поновите модели се надевам дека ќе им користи на новореднчињата кои ќе имаат потреба од инкубаторот, изјави министерот Таравари.

Амбасадорот на Чешка, Јарослав Лудва кажа дека станува збор за втора донација, по првата во Скопје.

- Во соработка со Министерството за здравство ја спроведуваме донацијата. Ова е втора донација на инкубатори, првата беше во Скопје, рече амбасадорот.

Директорот на болницата, Стефан Трајановски вели дека инкубаторот има огромно значење за новороденчињата во Куманово, предвреме родените, бебињата со инфекции на дишните патишта кои имаат потреба од инкубатор.

- Не само заради тоа, туку и кај оние со ниска родилна тежина завршуваат на вакви апарати, искористеноста на ваквите апарати е 30 отсто на годишно ниво, до денска 300 дена еве 104 дена имаме дечиња на ваков апарат многу е важен апаратот, и бенефит не само заради самиот апарат, бесшумен и ги има вградено сите системи за поддршка на виталните функции на бебето, совреме апарат, вистинско место и за вистинска намена, изјави Трајановски.

Раководител на оддел за новородени од општа болница Куманово, Александра Христова рече дека од предвреме родените со 34 гестациска недела, дури 50 отсто од новороденчињата коритата инкубатор. Таа се заблагодари на донацијата, исклучително важна и за пациентите и за вработените на одделот.

- Одреден процент од новороденчињата имаат потреба од нега и терапија, дел и од инкубатор новороденчињата со рана неонатална инфекција, предвреме родени, со мала родилна тежина оние кои претрпеле одредена траума за време на породувањето инкубаторот му обезбедува комфор и полесна транзиција кон надворешноста, го штити од хипотермија од преголема бучавост, преголема изложеноста на светлина, вели Христова.

Кумановскиот оддел за неонатологија е еден од најголемите во државата, но сепак последниве години поради миграцијата намален е бројот на раѓања и досега од почетокот на годинава изнесува 750 новородени. ам/сст/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан