• недела, 22 декември 2024

Советот на Федерацијата ги ратификуваше договорите со Доњецк и Луганск

Советот на Федерацијата ги ратификуваше договорите со Доњецк и Луганск
Москва, 22 февруари 2022 (МИА) - Советот на Федерацијата, Горниот дом на Федералното собрание на Руската Федерација, денеска ги ратификуваше договорите за пријателство и соработка со самопрогласените народни републики Доњецк и Луганск. Советот на Федерацијата едногласно ја усвои одлуката за ратификација на договорот. Претходно денеска Државната дума на Русија ги ратификуваше тие договори. Рускиот претседател Владимир Путин синоќа потпиша указ за признавање на самопрогласените Доњецка Народна Република (ДНР) и Луганска Народна Република (ЛНР). паг/

Остани поврзан