• сабота, 22 март 2025

Советот на Општина Чаир издвои 1 милион денари за семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани

Советот на Општина Чаир издвои 1 милион денари за семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани

Скопје, 21 март 2025 (МИА) - На денешната вонредна седница на Советот на Општина Чаир, беше усвоен предлог за распределба на 1 милион денари за помош на семејствата на жртвите од трагедијата која се случи во Кочани. Овој чекор на Советот на Општина Чаир, велат оттаму, претставува израз на солидарност и ангажман на нашата заедница во тешки времиња, како и силна порака дека заедницата стои обединета во моментите на болка и потреба.

Како што информитраат од Општина Чаир, градоначалникот на Општина Чаир ја изразил својата поддршка за помошта која ќе им биде доставена на погодените семејства. Тој истакнал дека оваа финансиска помош претставува само прв чекор и дека Чаир ќе продолжи да ги поддржува индивидуите и семејствата кои минуваат низ тешки периоди. 

-Ова е тешко време за сите нас, и како заедница, наша должност е да бидеме покрај оние кои го загубиле најблиските. Ќе продолжиме да обезбедуваме поддршка и да се осигуриме дека секој граѓанин ќе се чувствува безбеден и поддржан, изјавил градоначалникот на Општина Чаир.

Овој предлог, сметаат од Општината, претставува важен чекор за обезбедување помош и солидарност во тешките моменти, и ќе служи како пример за заедничката одговорност за помошта и поддршката на оние кои се во потреба. сст/са/

Фото Општина Чаир

Остани поврзан