• вторник, 24 декември 2024

Советот на Општина Тетово не ја почна денешната седница поради немање мнозинство за дневен ред

Советот на Општина Тетово не ја почна денешната седница поради немање мнозинство за дневен ред
Тетово, 27 април 2022 (МИА) - Денешната седница на советот на Општина Тетово беше прекината на самиот почеток при утврдување на дневниот ред, кога гласаа 15 од 31 советник, со што нема просто мнозинство за одлучување односно 16 членови. Претседателот на Советот, Бесар Дурмиши, инаку од Движење Беса, смета дека се прави опструкција на работата на советот затоа што не дозволил две точки кои беа предложени од ДУИ и советниците од иницијатива „Подобро за Тетово“ да бидат меѓу првите точки на дневен ред. -Дневниот ред беше предвидено да има седум точки. Беше побарано да има расправа за реконструкцијата на улицата „Страшо Пинџур“ за која им реков дека може да биде последна, осма точка на дневен ред. За предлог точката од ДУИ за расправа за ангажирање на агенција за вработување посочив дека за такви работи ќе се дебатира кога ќе има квартален извештај за работата на општината. Потоа тие советници ја блокираа верификација на советник од  нашата партија. Не ја разбирам нивната ситуација и мислење зошто тоа така е направено. Ќе бараме начин како да се надмине оваа криза, изјави Бесар Дурмиши. Советниците од редовите на Демократската унија за интеграција (ДУИ) истакнаа дека со ова спречиле советот да не носи нелегитимни одлуки. -Не се почитуваат регулативите и законските акти на Советот, не е прв пат, секој пат бараме да се почитуваат правила, да ни доставуваат материјали, не ја ставија точка на дневен ред за нови вработувања во општинска администрација и за реконструкцијата „Страшо Пинџур“. Ова не е прв пат да не се почитуваат правилата. Бараме да се почитуваат прецизно правилата. Ние не поддржавме дневниот ред, прашуваме дали со ова се избегнува транспареност за вработувањата и за реконструкција на улицата, изјави Блерим Османи, координатор на советничката група на ДУИ. На седницата требаше да се изгласа завршната сметка на општинскиот буџет за 2021, користење на средства од резервите на Буџетот и други точки. ас/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан