• среда, 27 ноември 2024

Советот на ЕУ повика на зголемен мониторинг на обидите за надворешно мешање во изборите

Советот на ЕУ повика на зголемен мониторинг на обидите за надворешно мешање во изборите

Брисел, 21 мај 2024 (МИА) - Советот на ЕУ денеска ги повика европските земји и институции да го зголемат мониторингот на обидите за мешање од странство во европскиот демократски процес. Во повикот се наведува дека соработката на ЕУ за ова прашање треба да се подобри без да се попречува отворената демократска дебата.

„Милијарди граѓани ширум светот гласаат оваа година, вклучително и на изборите за Европскиот парламент. Демократиите се соочуваат со нови предизвици, вклучувајќи сè похибридни тактики против изборните процеси, фрлање сомнеж врз легитимноста на изборите и обесхрабрување на гласачите. Покрај надворешните дезинформации, хибридните кампањи може да вклучуваат и злонамерни дејства на интернет и со помош на вештачка интелигенција, се додава во соопштението.

Советот ја нагласува клучната улога на слободните, независни и плуралистички медиуми и потребата од подобрување на дигиталната и медиумската писменост на граѓаните со цел да се зголеми отпорноста на општеството против обидите за надворешно мешање. паг/

Фото: МИА архива
 


 

 

 

Остани поврзан