• петок, 05 декември 2025

Советот на ЕУ одобри постепено воведување на електронски проверки на надворешните граници

Советот на ЕУ одобри постепено воведување на електронски проверки на надворешните граници

Брисел, 18 јули 2025 (МИА) – Советот на Европската Унија денеска одобри постепено воведување на електронски проверки при преминување на надворешните граници на Шенгенскиот простор, соопштија од Советот.

Системот за електронски проверки треба целосно да биде применлив шест месеци по датумот што дополнително ќе го определи Европската комисија.

Според новите правила, патниците при секое преминување на надворешните граници ќе бидат проверувани во база на податоци за да се утврди дали, доколку се странци, имаат право на престој во ЕУ. Со ова се очекува да се намалат случаите на пречекорување на визите и да го олесни пронаоѓањето на лица барани за кривични дела.

До целосното стапување во сила на правилата, земјите-членки на ЕУ ќе можат да продолжат со рачно заверување на документите со печат во пасошите.

По истекот на шестмесечниот период, проверките ќе се вршат исклучиво електронски, со можни привремени исклучоци за одредени гранични премини каде што промените би предизвикале долги редици. Европската комисија препорача постепено воведување на системот поради ризикот од преоптоварување на информациските системи, иако европратениците првично предлагаа истовремено воведување на новите правила. ссм/

фото: архива

Остани поврзан