• понеделник, 23 декември 2024

Советот на амбасадори го поздравува хрватското претседавање со ЕУ

Советот на амбасадори го поздравува хрватското претседавање со ЕУ
Скопје, 3 јануари 2020 (МИА) - Здружението за надворешна и меѓународна политика „Совет на Амбасадори“ по повод преземањето на претседавањето со Европската унија од Република Хрватска, информира дека ја примаат со голем ентузијазам иницијативата на официјален Загреб да на врвот на агендата на мајскиот самит во Загреб биде опстојување и забрзување на динамиката на проширување. - Потребата за проширување, разбирливо со нови практични предлози како една  од приоритетните теми на претстојниот самит влева надеж и уверување дека земјите на ЕУ правилно ќе ја разберат оваа голема тема која за Западен Балкан е највисок приоритет. Советот на амбасадори е уверен дека како и до сега Република Хрватска со досегашниот континуитет во изразување јасна поддршката за европските интеграции на Република Северна Македонија, и воопшто, поддршка за европската приказна на целиот Западен Балкан ќе биде особено значајна и затоа нашите очекувања се големи и засновани на реална основа, се вели во соопштението од Советот на амбасадори. Советот не се се сомнева дека Хрватска ќе вложи максимални напори во напорните консултации што претстојат, со право да се задржи вниманието врз потребата и неопходност од прширувањето на ЕУ и секако и  со должно внимание и кон други особено важни прашања како што е европскиот буџет и некои други заложби на поедни земји. Советот на амбасадори, се вели во соопштението, е убеден дека членките  на ЕУ ќе успеат да пронајдат начин за деблокирање на процесот за проширување како реална перспектива за земјите на Западен Балкан кои направија големи напори во спроведување на бројни реформи  кои мора да продолжат и од кои реформи нема откажување. аа/скс/

Остани поврзан