• понеделник, 23 декември 2024

Советот за безбедност на ОН го осуди терористичкиот напад во Турција

Советот за безбедност на ОН го осуди терористичкиот напад во Турција

Вашингтон, 24 октомври 2024 (МИА) - Советот за безбедност на ОН го осуди вчерашниот терористички напад во објекти на компанијата Turkish Aerospace Industries во Анкара, при што загинаа најмалку пет лица, а над дваесетмина беа ранети.

Од СБ на ОН ја истакнаа потребата да се изнесат пред лицето на правдата, извршителите, организаторите, финансиерите и спонзорите на овие терористички акти. Повикаа сите држави, во согласност со нивните меѓународни обврски и резолуциите на Советот за безбедност, активно да соработуваат во оваа насока со владата на Турција.

Двајца напаѓачи – маж и жена –  влегле со автоматско оружје и експлозив во седиштето на Turkish Aerospace Industries во Анкара. Никој не ја презеде одговорноста за нападот, при што двајцата напаѓачи беа убиени.

Министерот за внатрешни работи на Турција, Али Ерликаја, изјави дека мажот кој го извршил нападот наводно бил член на Курдската работничка партија (ПКК), додека идентитетот на жената засега не е утврден.

Како одговор на терористичкиот напад, Турција во текот на ноќта изврши нови воздушни удари врз ПКК на северот од Сирија и Ирак, при што беа уништени 59 милитанти, меѓу кои и двајца кои се смета дека биле „високи членови“, соопшти денеска турското Министерство за одбрана.

Сириските демократски сили, поддржани од САД, изјавија во четвртокот дека во турските воздушни удари на северот и истокот од Сирија загинале 12 цивили, меѓу кои и две деца, а 25 лица биле ранети. Турското Министерство за одбрана соопшти дека биле преземени сите мерки за претпазливост со цел да не страдаат невини цивили. кб/

 

Остани поврзан