Советот за безбедност на ОН вечерва ќе расправа за резултатите од мировниот самит во Швајцарија
- Советот за безбедност на ОН вечерва ќе расправа за ситуацијата во Украина во врска со руската војна и резултатите од Самитот за мир што се одржа минатиот викенд во Швајцарија.

Њујорк, 18 јуни 2024 (МИА) - Советот за безбедност на ОН вечерва ќе расправа за ситуацијата во Украина во врска со руската војна и резултатите од Самитот за мир што се одржа минатиот викенд во Швајцарија.
Состанокот ќе започне во 21 часот по средноевропско време, објавено е на веб-страницата на ОН.
Свикувањето на Советот за безбедност го иницираа САД и Словенија, кои се консултираа со украинската делегација. рп/
Фото: МИА архива