Советодавни денови помеѓу Фондот на ПИОМ и Германскиот носител за пензиско осигурување
- Редовни советодавни денови меѓу претставници на Фондот на ПИОМ и Германскиот носител за пензиско осигурување ќе се одржат денеска и утре во Скопје.
Скопје, 18 ноември 2025 (МИА) - Редовни советодавни денови меѓу претставници на Фондот на ПИОМ и Германскиот носител за пензиско осигурување ќе се одржат денеска и утре во Скопје.
Како што соошти ПИОМ, во рамките на советодавните денови граѓаните ќе имаат можност да добијат совети за нивните права од пензиското и инвалидското осигурување кои произлегуваат со примената на Договорот за социјално осигурување склучен меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Сојузна Република Германија.
Граѓаните ќе може да се информираат за условите за остварување на право на пензија, според правните прописи на двете држави договорнички, постапката за потврдување на стаж навршен во СР Германија, потребната документација при поднесување барање за остварување право на германска пензија, постапката за враќање на придонеси, исплата на германска пензија во Северна Македонија и други прашања.
ПИОМ информира дека заинтересираните странки може да закажат термин на телефонските броеви: 02 3250 452, 02 3250 453 и 02 3250 454.
Фондот на ПИОМ ги известува странките дека со себе треба да ги понесат доказите за осигурувањето во СР Германија, како и документ за идентификација (лична карта или пасош). ац/хс/
Фото: ПИОМ