• сабота, 23 ноември 2024

Совети за „поприродна руса“ коса

Совети за „поприродна руса“ коса

Белград, 21 авгyст 2024 (МИА) - Според некои податоци, приближно 50 отсто од жените во светот, во просек, си ја бојадисуваат косата почнувајќи од 27-годишна возраст. Природната боја на коса доаѓа од два пигменти - еумеланин којшто преовладува кај луѓето со потемна боја на коса, и феомеланин, што дава црвени нијанси. Русата коса, пак, се јавува поради помала количина на пигмент, а белата, т.е. сивата коса - кога присуството на пигмент е значително намалено или воопшто го нема.

Фарбањето коса постои долго време. Старите Египќани, на пр. користеле боја на база на олово за потемнување на косата. А пак, денес голем број жени сакаат да си ја осветлат косата. Но, многу бои за коса содржат хемикалии коишто можат да бидат штетни или да предизвикаат иритации, алергии, губење коса, црвенило на скалпот, коњуктивитис, главоболки и други несакани последици, пишува „Н-1“.

Следат шест помалку штетни алтернативи и опции за „поприродна руса“, а негувана коса...

Камилицата е лековито растение што традиционално се користи и за природно осветлување на косата. Концептот е следен: Се вари чаша, или две - чај од камилица и се остава да се излади. Тоа потоа се нанесува на косата еднаш на ден и, по можност, се одбира посончево место за сушење. Повторете ја постапката неколкупати, сѐ до првите резултати.

Цимет и мед... Се меша лажица цимет со две лажици мед и се остава да отстои половина час. Ова „природно белило“ за косата се нанесува на влакното и треба да делува најмалку четири часа. Очекувајте посветла нијанса по неколку вакви третмани.

Со сода-бикарбоната (околу третина шолја за кафе) и малку топла вода се прави паста (можеби ќе треба повеќе ако се работи за подолга коса)... Откако ќе постигнете погуста смеса, таа се нанесува на косата и треба да делува околу 15 минути.

Потоа, влакното се мие со шампон и на крај се нанесува вообичаениот регенератор за коса. За подобри резултати сее користи и шампон којшто содржи сода-бикарбона.

Сокот од лимон е уште едно природно средство за посветла коса, а веројатно и најпознато од сиве овие. Лимонот делува така што се ползува високата количина киселина којашто, исто како и другите - ќе ги осветли влакната.

Употреба: Се меша лажица сок од лимон со околу два литра вода. Заради посилни ефекти на избелување, само се додава повеќе сок од лимон. Тоа треба да отстои до еден час, по можност - на Сонце. Потоа косата се плакне и постапката се повторува.

Јаболковиот оцет може да ѝ даде на косата посилен сјај, но и осветлувачка свежина. Употреба: Се меша половина чаша јаболков оцет со половина чаша дестилирана вода. Потоа се распрскува врз прамени коса. Се остава да делува околу половина час и потоа се мие.

И морската сол е одличен спој со Сонцето... И со топла домашна вода.

Се раствора лажица морска сол во отприлика половина чаша топла вода. Тоа се нанесува на косата, да делува околу 20 минути. Косата, потоа се плакне и суши.

Вообичаено, овие средства за осветлување на косата може да се комбинираат, заменат, и да се надополнуваат.

Важно: Имајте предвид дека резултатите може да се разликуваат и да варираат, бидејќи секое влакно е различно. И покрај природните состојки, сè уште се можни алергии, па доколку почувствувате некаква иритација, престанете со употребата на средството и веднаш темелно исплакнете ја косата и скалпот.  си/

Фото: Пиксабеј

Остани поврзан