• вторник, 24 декември 2024

Совети за непримерно однесување на бабите и дедовците

Совети за непримерно однесување на бабите и дедовците
Лос Анџелес, 16 јануари 2020 (МИА) - Бабите и дедовците се како втори родители на внучињата, кои безусловно ги сакаат и имаат „ексклузивно право“ да ги разгалат. Сепак, во одредени случаи, бабите и дедовците можат да станат себични и манипулативни. Овој вид на однесување може да направи вистинска драма и хаос во добра и функционална семејна врска. Ако се сомневате дека вашите деца си имаат работа со такви баби и дедовци, има безболни начини да се реши таа состојба. А, тоа според порталот „Брајтсајд“, се следните ситуации... Ве потценуваат како родители Некои баби и дедовци сметаат дека што и да направи родителот на нивниот внук, не е доволно добро, т.е. се обидуваат да ги омаловажат постапките на своите деца. Овој вид баба и дедо не ги следи правилата и ограничувањата што самиот родител ги поставил и ја претвора неговата рутина во целосен хаос. Постојано се мешаат во одлуките за родителите Ако родителите на мајката или таткото понекогаш го продолжуваат времето што детето може да го мине пред ТВ, тоа не е пример за „токсични баби и дедовци“. Но, ако оваа ситуација се случува цело време и родителските правила постојано се кршат, тоа е лош знак. Тие, во тој случај, ги доведуваат во прашање сите ваши одлуки и почнуваат да се расправаат со вас во присуство на децата. Прават родителот да се чувствува виновен, заради полесно манипулирање „Токсичните баби и дедовци“ се служат со манипулација за да ги натераат, како своите деца претходно, така и нивните деца - да прават тоа што највозрасните ќе го посакаат. Ова се само дел од фразите што манипулативните баби и дедовци ги користат: „Бакни ме или ќе плачам“, „Не се мачи да доаѓаш на мојот погреб“, „Ти не ме сакаш!“... Глумење жртва Постојаното жалење и префрлање дека родителите не го ценат она што бабите и дедовците го прават за нив и нивните деца, има слична цел - манипулација со чувствата. Се обидуваат да ја купат љубовта и вниманието на внуците Сосема е во ред ако бабите и дедовците понекогаш сакаат да ги разгалат внуците со подароци. Но, „токсичните баби и дедовци“ би се обиделе да го „купат“ вниманието на децата. Најчесто, тие купуваат премногу скапи подароци, со што се обидуваат да ве омаловажуваат како родител за да го добијат тоа што го сакаат. Омилен внук Ако бабите и дедовците избрале да сакаат едно внуче и да игнорираат друго, тоа е знак дека тие не се добар пример за децата. Најјасен признак за тоа се споредбите и речениците како - „Брат ти е попаметен“ или „Сестра ти го стори тоа подобро“. Веруваат дека имаат право да го минат целото време со внуците Убеденоста дека другите баба и дедо немаат право да минат исто толку време со внучињата, како и првите, е прилично јасен знак за себичност. За крај, порталот „Брајтсајд“ нуди и решенија за надминување на овие проблеми. Првиот чекор, е смирен, но искрен разговор за проблемот. Родителот на децата треба да постави јасни граници за улогите во тој семеен однос. Доколку тоа не се почитува, следува мало оддалечување со бабата и дедото. Не целосен прекин, туку поретко гледање. За време на оваа „пауза“, децата може да ги посетуваат своите баби и дедовци, но со „родителски надзор“, така што нема да се дозволат непотребни коментари пред самото дете. си/сд/

Остани поврзан