• недела, 28 јули 2024

Собраниската Комисија за образование, наука и спорт ќе одржи две седници

Собраниската Комисија за образование, наука и спорт ќе одржи две седници

Скопје, 13 јули 2023 (МИА) - Во Собранието денеска две седници ќе одржи Комисијата за образование, наука и спорт.

Членовите на Комисијата во рамки на 18. седница ќе расправаат за Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за основното образование во прво читање.

Додека, пак, на дневен ред на 17. седница се неколку точки - Предлог на законот за изменување на Законот за основање на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, Предлог на законот за изменување на Законот за отворените граѓански универзитети за доживотно учење, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за просветната инспекција и Предлог на законот за изменување на Законот за спортска академија, сите во прво читање. фф/вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан