• петок, 20 декември 2024

Собранието ќе ја одржи 84. седница

Собранието ќе ја одржи 84. седница
Скопје, 14 септември 2022 (МИА) - Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 84. седница на чиј дневен ред се две предлог-одлуки, неколку барања за автентични толкувања, како и предлог-закони од повеќе области. Пред пратениците се Предлог на одлука за испраќање припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“ во Република Либан, како и Предлог на одлука за објавување јавен оглас за именување на членови на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, Дополнет предлог на закон за буџети, Предлог на закон за установите за средно образование на верските заедници, Предлог на закон за дополнување на Законот за возила, Барање за давање автентично толкување на член 134 став (6) од Законот за работните односи, како и Барање за давање автентично толкување на член 279 став (1) од Законот за трговските друштва. Собранието треба да расправа и по Барање за давање на автентично толкување на член 12 став (2) од Законот за работните односи, Предлог на закон за ратификација на Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан, Предлог на закон за ратификација на Договорот за интерконекција на шеми за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан, Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската инвестициона банка по Финансискиот договор за Проектот за подобрување на водната инфраструктура на општините во Северна Македонија, по скратена постапка, Предлог на закон за изменување на Законот за спортска академија, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка. мч/лв/

Остани поврзан