• сабота, 23 ноември 2024

Собранието ќе одржи две пленарни седници

Собранието ќе одржи две пленарни седници
Скопје, 29 јули 2022 (МИА) - Во Собранието за денеска се закажани продолженија на две пленарни седници - 71. и 82. седница. На дневен ред на 71. седница се годишните извештаи на Народниот правобранител, како и годишните извештаи за работата на Судскиот совет, Државната комисија за спречување на корупцијата и Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2021 година. Исто така, ќе се расправа и за Предлог законот за изменување на Законот за работни односи, како и за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, по скратена постапка. На оваа седница, како што е наведено на веб-страницата на Собранието, ќе се разгледува и информацијата за пописот на населението, домаќинствата и становите во Северна Македонија од 2021 година. На дневен ред е и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, по скратена постапка. Претениците ќе дебатираат и за Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за нациoналната инфраструктура на просторните податоци на државата, како и за Предлогот за кандидат за потпретседател на Собранието, поднесен од неколку пратеници. Меѓудругото, на дневен ред на оваа седница е и интерпелација за работата на претседателката на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Соња Мираковска. На дневен ред на 82. седница е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законoт за виното.бт/ев/

Остани поврзан