• понеделник, 23 декември 2024

Собранието ја прекина 19-тата седница, расправата ќе ја продолжи утре

Собранието ја прекина 19-тата седница, расправата ќе ја продолжи утре
Скопје, 24 декември 2020 (МИА) - Собранието на Реублика Северна Македонија вечерва ја прекина работата по 19. седница и претседателот Талат Џафери закажа продолжение за утре во 11 часот. Пратениците треба да ја продолжат расправата по измените на Законот за инвалидски организации, за која се пријавени уште 13 говорници. По исцрпување на дневниот ред на 19. седница, претседателот на Собранието најави дека ќе продолжат со работа по преостанатите точки од 20. седница и, евентуално, да се продолжи по уште две седници на кои, како што рече Џафери, има многу важни точки за граѓаните. Седницата ја прекина на барање на опозицијата, која во расправата по 18 часот реагираше дека се продолжува со работа без да бидат известени за тоа.скс/хс/      

Остани поврзан