Собранието и „Бреинстер некст“ потпишаа меморандум за соработка
- Претседателот на Собранието, Африм Гаши, и директорот на „Бреинстер некст“, Петар Ниноски, денеска потпишаа меморандум за соработка.
Скопје, 28 јануари 2026 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши, и директорот на „Бреинстер некст“, Петар Ниноски, денеска потпишаа меморандум за соработка.
Како што информира собраниската прес-служба, со меморандумот се утврдува рамка за заеднички активности насочени кон унапредување на образовното искуство и поттикнување размена на знаења и добри практики.

- Соработката предвидува активности што ќе овозможат практична вклученост на студентите преку програми за практикантство во рамките на собраниската служба, учество во реални проекти и решенија во координација со Собранието, како и размена на знаења преку сесии и гостински предавања поврзани со дигиталната трансформација и е-управувањето. Дополнително, се предвидува и учество во хакатони и натпревари, како и можност за дефинирање и други форми на соработка - стои во соопштението.
Од Собранието на Република Северна Македонија наведуваат дека остануваат посветени на иницијативи што придонесуваат за развој на човечкиот капитал, јакнење на институционалните капацитети и поддршка на младите преку современи форми на соработка со образовниот сектор. мд/са/
Фото: Собрание