Собранието го изгласа Буџетот за 2021 година
- Пратениците во Собранието вечерва со 62 гласа за, без против и воздржани, го изгласаа Буџетот за 2021 година. Собранието го донесе и Законот за извршување на Буџетот. На гласањето не присуств
Во 2021 година се очекува извозната активност на домашните компании да забележи раст од 14 отсто, реалниот раст на бруто-инвестициите е проектиран на 7,7 отсто, каде значајно влијание врз инвестициите е предвидено да има враќањето на довербата на деловните субјекти, планираните инвестиции на јавниот сектор и зголемената поддршка за развој на приватниот сектор, иновациите и зајакнување на конкурентноста. Приватната потрошувачка е предвидено да забележи реален раст од 3,5 отсто, како резултат на очекувањата за подобрување на состојбата на пазарот на работна сила, зголемен прилив на парични дознаки од странство, но и кредитната поддршка од банките. Растот на јавната потрошувачка е проектиран на 4,3 отсто, со тоа што очекуваниот фискален импулс ќе биде канализиран и преку капиталните расходи.
Капиталните расходи за 2021 година се планирани на ниво од околу 24 милијарди денари или за 26,2 отсто повисоко во однос на планот за 2020 година, при што за финансирање на инвестициите планирано е да се обезбедуваат средства од повеќе извори и тоа: буџетски средства, ИПА фондови и заеми. Истите се наменети за интензивирање на реализацијата на инфраструктурните проекти, односно за инвестициски вложувања во патната и железничката инфраструктура, енергетската и комуналната инфраструктура, како и капитални инвестиции за подобрување на условите во здравствениот, образовниот и социјалниот систем, земјоделството, културата, спортот, заштитата на животната средина и правосудството.
Кај капиталните расходи е важно дека се преземаат мерки за подобрување на нивната реализација. Еден од начините е воспоставување механизам за „казнување и наградување“ на буџетските корисници преку прераспределба на буџетските средства во текот на буџетската година - од оние со слаба кон оние со поголема реализација на капиталните расходи.Така буџетските корисници се задолжени со завршување на првото тримесечје да реализираат најмалку 15% од проектираните капитални расходи, со вториот најмалку 40%, со третиот најмалку 65%, согласно законот за извршување на буџет 2021. Од оние кои нема да ги реализираат средствата, истите ќе бидат насочени онаму каде има подобра реализација.
Според Бесими, како констатација произлегува дека преземените и планираните политики и мерки ќе доведат до забрзување на економскиот раст во наредниот период и ќе го зголемат потенцијалот на раст во домашната економија преку инвестиции во инфраструктурата, енергетиката, животната средина, човечкиот капитал и дигитализацијата.
Тековните расходи за 2021 година се планирани во износ од 223,5 милијарди денари или за 4,4 отсто помалку во однос на планот за 2020 година, а се наменети за редовна исплата на плати на вработените во јавниот сектор, навремена и редовна исплата на пензии, гарантиран минимален приход и останати социјални надоместоци, исплата на субвенции во земјоделството, поддршка на малите и средните претпријатија, поддршка и субвенционирање на иновативните активности, како и поддршка на здравствениот сектор.
Овој буџет е фокусиран на доброто управување на јавните финансии, во кој се отсликани врвните приоритети на Владата насочени кон задржување на макроекономската и финансиска стабилност, ублажување на ефектот на ковид-кризата врз економијата и општеството, зачувување на здравјето на граѓаните и зачувување на економијата во целина, со интензивирање на економската активност.
За опозицијата, Дополнетиот предлог-буџет нема да ги даде очекуваните резултати. Нема да донесе подобро здравство, пофункционално образование, изградба на патишта и железници и реализација на проекти со кои ќе се поттикне економскиот раст. Според опозицијата, ќе продолжат и задолжувањата и непродуктивните трошоци. Пратениците од власта сметаат дека Буџетот е коректно поставен и треба да обезбеди ревитализација на економијата и враќање на патеката на економски раст, но доколку пандемијата продолжи, тогаш, според нив, бројките ќе мора да се ревидираат.Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година ги вградува 18-те прифатени амандмани во расправата пред матичната Комисија за финансирање и буџет и тој според власта ги отсликува економските и социјалните политики што ќе ги спроведува Владата, а кои се насочени кон остварување на клучните цели утврдени со стратешките приоритети.
Собранието вечерва го изгласа и измените и доплнувањата на Законот за неевидентирани лица во Матичната книга на родени и на Законот за регистрација на возила со странски регистарски таблици во РС Македонија.скс/са/