• сабота, 16 ноември 2024

Собранието го донесе Законот за решавање на спорот за „ГА-МА“ и одлуката за ДИК

Собранието го донесе Законот за решавање на спорот за „ГА-МА“ и одлуката за ДИК
Скопје, 28 декември 2020 (МИА) - Собранието денеска попладне ги одржа 29-та седница, како и продолженијата на 19-та и 20-та седница, на кои беа изгласни Законот за решавање на спорот за „ГА-МА“, Законот за инвалидски организации, како и одлуката за огласување на избор на претседател, потпретседател и членови на Државната изборна комисија. Предлог Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, беше повлечен. Пратениците во продолжението на 20-тата седница денеска со 60 гласа „за“, 30 „против“ и без „воздржани“ го донесоа Закон за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба. По гласањето, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, рече дека законот ги крши членовите 8, 52, 55, 68, 98 и многу други од Уставот и го повика претседателот на Републиката да не го потпише указот за прогласување на овој, како што рече, скандалозен закон. - Најавуваме дека ќе поднесеме постапка за оценување на уставноста на овој закон, кој што за жал, луѓето од Владата немаа храброст да го потпишат затоа што знаеа дека ова законско решение е неуставно, па прво пробаа преку Државното правобранителство да го протнат и на крај го најдоа решението преку владејачкото мнозинство и овие 62 пратеници да го потпишат овој закон, изјави Мицевски. Расправата по ова законско решение почна во петокот и траеше повеќе од 21 час за време на викендот. Собранието на 29-та седница со 85 гласа „за“, без ниту еден глас против и воздржани ја увсои и одлуката за огласување на избор на претседател, потпретседател и членови на Државната изборна комисија. Без ниту еден пријавен за расправа по точките пратениците разгледаа повеќе точки на дневен ред. Со 61 глас „за“ без ниту еден глас против и воздржан го донесоа и Законот за ратификација на Технички аранжман меѓу Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и Министерството за национална одбрана на Грција за заштита на воздушниот простор FIR SKOPJE (LWSS). Собранието со 61 глас „за“ и без ниту еден глас против и воздржан го донесе Законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за измена на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за реципрочно признавање на возачки дозволи. На оваа 29. седница, како точки на дневен ред, меѓу другите, се предложени и Предлог на законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија во 2021 година, по скратена постапка, кој во собраниска процедура е со европско знаменце. Претседателот на Собранието Талат Џафери тука ја прекина работата по оваа седница и проодлжи со работа по 19-тата седница, по што беше усвон Законот за изменување на Законот за инвалидски организации, по скратена постапка, а предлог Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка, беше повлечен. По експресното завршување на неколку од точките на дневен ред, Џафери ја затвори работата на Собранието за денеска и најави дека дополнително ќе биде закажно продолжението на 29-тата седница. аа/сп/

Тагови

Остани поврзан