• среда, 27 ноември 2024

Собир на СДСМ: Поддршка за нов мандат на Шилегов за да продолжи развојот на Скопје

Собир на СДСМ: Поддршка за нов мандат на Шилегов за да продолжи развојот на Скопје
Скопје, 23 октомври 2021 (МИА) -   Да продолжиме да го градиме и развиваме Скопје, за Скопје да продолжи да биде еднаков град за сите жители. Сарај и Скопје се мојот дом и драго ми е што тој дом постојано се развива и разубавува во последните четири години благодарение на градоначалникот Петре Шилего,  рече атлетичарката Дрита Ислами на граѓанскиот собир на СДСМ во Скопје. Таа ги повика сите сограѓани Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и сите други на 31 октомври да го поддржат градоначалникот Шилегов за Скопје да продолжи да се развива во следните четири години. - Атлетиката е индивидуален спорт, но за успех потребен е ангажман на други луѓе. Исто е и со градоначалникот, тој е еден, но зад него е негиовиот тим и ние граѓани со цел да постигнеме заеднички успеси, наведе Ислами.  Додаде дека каде и да оди низ светот кажува дека нејзиниот град, Скопје, прераснува во вистинска метропола и кажа дека е убедена дека под водство на градоначалникот Шилегов тоа ќе продолжи и во следните четири години. Покрај Ислами, поддршка за нов мандат на Шилегов изрази и продуцентот и музичар Мирко Попов. -Шилегов гради улици, патеки, вело-патеки, гради улици на двете страни на Вардар, не сакам да ги размазувамнашите политичари но сакам да го поддржам да продолжи со градските проблеми, можеби и затоа заборави на политиканството, но сепак треба да работи и да ги решава проблемите на обичните луѓе за да биде добро за сите, рече Попов. Тој посочи дека неговото искуство и неговите интереси се онакви како она со градоначалникот Шилегов, бидејќи и покрај конфликтите добро е да се има разбирање со властите. -Тој е еден од ретките што има слух и трпение и има доблест да разговара со луѓето кои се на маргините на општеството, а проблемите кои ги имаме се токму поради тоа што културата е ставена настрана, се надевам дека во иднина токму тој  како и премиерот Зоран Заев ќе продолжат во таа насока бидејќи културата е тоа што ќе не извлече од калта, појасни Попов. Актерот Дениз Абдула, изразувајќи ја својата поддршка за Шилегов, рече дека како горд скопјанец и чаирчанец е сведок на најголемите промени во Чаир изминатите четири години. -Сите добро знаеме како изгледаше левата страна на Вардар пред градоначалникот Петре Шилегов. Многу добро се сеќаваме на конфликтите помеѓу средношколците во автобусите, пред средните училишта, сообраќајниот хаос на Цветан Димов. Запустените јавни простори, паркови, игралишта за најмладите. Денес Чаир изгледа сосема поинаку, со нови булевари, нови улици, кружни текови, одржани тревници во парковите, вело патеки кои овозможуваат пристап од една точка на градот до друга,  рече Абдула, додавајќи дека кога на една заедница првпат ќе ѝ се даде нешто вредно и убаво, таа знае како да се грижи за тоа и да го негува. Во однос на културната сцена, дополни, работите се особено сменети во однос на порано, кога, како што рече „културата се замислуваше со споменици, фонтани, гипс картони и мермер кој се распаѓа брзо“. -Денес ја славиме живата култура на живите уметници кои творат во овој град. Скопје беше меѓу првите градови кој ја адаптираше својата културна програма за време на карантинот, кадешто над 200 учесници кои беа невработени земаа учество во проектите „Култура во време на корона“, „Денови на чаршија“ и други настани кои беа под градот Скопје, наведе тој. На собирот беше истакната поддршката за градоначалнички мандати и на Горан Герасимовски во Центар, на Душко Весковски во Карпош и на Ферад Аслан во Шуто Оризари. Тие во одвоени видео пораки ги претставија  приоритетните  проекти што ќе ги спроведат. Собирот продолжи со обраќање на Шилегов по што ќе се обрати лидерот на СДСМ Зоран Заев.лв/

Остани поврзан