• сабота, 23 ноември 2024

Снопче од „Вреди“ очекува да има двотретинско мнозинство за законските измени за реорганизација на министерствата

Снопче од „Вреди“ очекува да има двотретинско мнозинство за законските измени за реорганизација на министерствата

Скопје, 3 јуни 2024 (МИА) - Пратеникот на Коалицијата „Вреди“, Халил Снопче истакна дека даваат поддршка и очекуваат дека и другите пратеници ќе ги поддржат измените на системските закони за да се овозможи формирање нови и трансформација на постоечките министерства. 

-Нема причина да не се поддржи ова. Даваме поддршка на новиот владин кабиент. Треба двотретинско мнознство, за двотретинско мнозинство сигурно ни треба поддршка од пратеници од опозицијата. Без таква подддршка не може да помине. Ние сметаме дека треба да се поддржи ова барање во насока на конфигурација, вели изјави Снопче.

Тој нагласи дека најпрвин треба да бидат формирани работните тела низ кои треба да поминат овие законски решенија, односно собраниските комисии - Комисијата за политички систем и Законодавно правната комисија.

Снопче потенцира дека на координацијата имало препукувања околу тоа дали двете потребни собраниски комисии да бидат формирани посебно. Посочи дека треба поголема координација од страна на политичките партии.

- Роковите веќе течат. Заради тоа овие две комисии - Комисијата за политички и Законодавно правната комисија треба да се што побргу, за да можеме да процесираме во Собранието да го процесуираме законот, рече тој и нагласи дека очекува утре и задутре да се одржи седница на собраниската Комисија за прашањата на именувањата и изборите за да се процесуираат овие две комисии, изјави Снопче.

Тој не гледа никаква причина овие законски измени да не бидат поддржани и од опозициските партии СДСМ и Коалицијата „Европски фронт“.

-Мислам дека нема причина за да се одбие и да не се прифати од страна на другите партии опозициони од страна на СДСМ и Европскиот фронт, бидејќи е за подобра функционалност, рече Снопче. фф/са/

Фото: МИА

Остани поврзан