• вторник, 24 декември 2024

Снимени облаците над Марс

Снимени облаците над Марс
Хјустон, 21 февруари 2022 (МИА) - Роверот Curiosity на американската вселенска агенција НАСА фотографираше облаци на Марс. Снимките го прикажуваат движењето на облаците над Црвената Планета, а се направени со навигациската камера на роверот. Овие снимки, меѓу другото, им помагаат на научниците околу некои важни податоци, на пр. - колку брзо се движат облаците до висината на која се наоѓаат? Научниците заклучија дека облаците се доста високи, речиси 80 километри над површината. https://youtu.be/xN0R0_eSfHk Поради екстремниот студ на таа височина, облаците веројатно се состојат од леден јаглерод-диоксид (ЦО2), за разлика од облаците на Земјата коишто се наоѓаат пониско и се составени од вода (Х2О) и мраз. „Љубопитност“ веќе го потврди и присуството на глина на Марс, а најде и прастари исцедени оази. Роверот беше лансиран во ноември 2011 година и сè уште е во функција.  си/

Остани поврзан