Снежна бура завеа делови од државата Њујорк, откажана настава за над 32.000 ученици
- Снежна бура завеа западни делови од американската сојузна држава Њујорк, вклучувајќи го градот Бафало. Поради невремето, откажана е наставата за повеќе од 32.000 ученици.

Вашингтон, 18 ноември 2022 (МИА) - Снежна бура завеа западни делови од американската сојузна држава Њујорк, вклучувајќи го градот Бафало. Поради невремето, откажана е наставата за повеќе од 32.000 ученици.
За време на викендот се очекува да падне повеќе од еден метар снежна покривка во Бафало и на други региони во западниот дел на државата Њујорк.
Во округот Ири, што го опфаќа градот Бафало, прогласена е вонредна состојба и забрането е возење, освен во итни случаи.
Училиштата во Бафало ја откажаа наставата за над 32.000 ученици, а натпреварот во американски фудбал меѓу локалните Бафало Билс и Кливленд Браунс беше преместен во Детроит. бд/ссм/