Снег ја затрупа Јужноафриканската Република, во некои области наноси високи два метра
- Патишта во делови на Јужноафриканската Република денеска се затворени, по невообичаено обилните снежни врнежи, а службите за итни случаи се обидуваат да стигнат до луѓето кои од синоќа се заглавени во возилата.

Јоханесбург, 21 септември 2024 (МИА) - Патишта во делови на Јужноафриканската Република денеска се затворени, по невообичаено обилните снежни врнежи, а службите за итни случаи се обидуваат да стигнат до луѓето кои од синоќа се заглавени во возилата.
Според првите извештаи, во некои области наврнале и до два метра снег, а во неколку провинции портокаловото предупредување е подигнато од шесто на осмо ниво.
Според медиумите, особено е погоден автопатот N3 на источниот брег, што ги поврзува Јоханесбург и Дурбан, неколку делници се целосно непроодни, а дури и обиколните патишта се покриени со снег. зш/