• вторник, 24 декември 2024

Снегот и дождот предизвикаа дефекти на електро мрежата во повеќе села во општините Градско, Чашка и Велес

Снегот и дождот предизвикаа дефекти на електро мрежата во повеќе села во општините Градско, Чашка и Велес

Велес, 26 ноември 2023 (МИА) - Врнежите од снег и дожд што вчера попладне ја зафатија територијата на државата предизвикаа дефекти на електро мрежата во повеќе села во општините Градско, Чашка и Велес.

Според Центарот за управување со кризи - Велес, во Општина Чашка од вчера нема струја во селата Теово и Оморани, како и во неколку села од Општина Градско, поточно во селата Подлес, Горно и Долно Чичево и Крушевица.

Оттаму информираат дека екипи на ЕВН работеле за отстранување на дефектите на електро мрежата.

Воедно посочуваат дека по вчерашниот дефект повторно во електро мрежата биле вклучени жителите од селата Бузалково, Карабуништа, Раштани, Клуковец и Сливник. ад/дма/


Фото: МИА

Остани поврзан