• понеделник, 16 декември 2024

Смртниот биланс од израелските напади во Либан надмина 350 лица, над 1200 се ранети

Смртниот биланс од израелските напади во Либан надмина 350 лица, над 1200 се ранети

Бејрут, 23 септември 2024 (МИА) - Либанското Министерство за здравство вечерва соопшти дека бројот на загинати во израелските воздушни напади се искачи на 356 лица, меѓу кои 24 деца, а уште 1.246 се ранети.

Ова се најсмртоносните израелски напади врз Либан од последната голема војна меѓу Израел и милицијата Хезболах, поврзана со Иран, во 2006 година.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека израелските воздухопловни сили „уништиле десетици илјади проектили кои им се заканувале на израелските граѓани“ во масовните напади против Хезболах во јужен Либан.

Хезболах и Израел речиси секојдневно разменуваат оган околу една година. Околу 150.000 луѓе од двете страни на границата се принудени да ги напуштат своите домови.

Конфликтот повторно се интензивираше минатата недела откако илјадници комуникациски уреди беа детонирани во Либан, при што загинаа повеќе од 50 луѓе, вклучително и цивили - плус израелски напад врз раководството на Хезболах во близина на Бејрут. мс/

фото: ДПА

Остани поврзан