• петок, 03 јануари 2025

СМО: ОН го повикуваат светот да престане да оди по патот на уништување на климата

СМО: ОН го повикуваат светот да престане да оди по патот на уништување на климата

Њујорк, 31 декември 2024 (МИА) - Климатските промени во 2024 година предизвикаа низа временски проблеми и рекордна топлина, објавија вчера Обединетите нации, повикувајќи го светот да престане да оди по патот на уништување.

Следната година ќе биде најтоплата досега забележана година, објави Метеоролошката агенција на ОН – СМО (WMO).

СМО предупредува дека , истовремено, емисиите на стакленички гасови соборуваат нови рекорди и дополнително предизвикуваат климатски промени.

-Климатските промени се случуваат пред нашите очи речиси секој ден во форма на поголема фреквенција и посилни влијанија на екстремни временски настани, изјави генералниот секретар на организацијата Андреа Селесте Сауло.

„Оваа година бевме сведоци на рекордни дождови и поплави и трагични загуби на животи во многу земји кои ги скршија срцата на заедниците на сите континенти“, рече Аргентинецот.

Тропските циклони предизвикаа огромна човечка и економска штета, неодамна во францускиот прекуморски департман Мајот на Индискиот Океан.

-Интензивните горештини пеплосаа десетици земји, а температурите многупати достигнаа до 50 степени Целзиусови. Шумските пожари создадоа хаос, продолжи Селесте Сауло.

Со Парискиот договор за климата од 2015 година, земјите од светот се обврзаа да го ограничат глобалното затоплување на два степени над прединдустриските температури, по можност 1,5.

СМО минатиот месец објави дека во периодот од јануари до септември, просечната температура на воздухот била за 1,54 степени повисока од периодот помеѓу 1850 и 1900 година. Ова значи дека 2024 година е на пат да го собори неславниот рекорд поставен во 2023 година.

Минатата година температурите беа за 1,45 степени повисоки отколку во прединдустриската ера, време кога човештвото не користеше огромни количини на фосилни горива.

СМО во јануари ќе го објави конечниот извештај за глобалните температури во следната година, а во март и извештајот за состојбата на глобалната клима.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, во своето новогодишно обраќање се осврна на климатската криза во последните десет години.

-Денеска можам официјално да пријавам дека издржавме една деценија смртоносна топлина. Десетте најтопли години забележани се во изминатите десет години, вклучително и 2024 година, предупреди тој, додавајќи дека тоа е „климатски дефект во реално време“.

„Мора да го оставиме тој пат на уништување. Немаме време за губење“, заклучи Гутереш. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан