Смотрич: Договорот за прекин на огнот е пораз за Израел
- -Овој договор е пораз и понижување за Израел, рече Смотрич на состанокот на неговата партија, која е дел од коалициската влада на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Тел Авив, 8 јули 2024 (МИА) - Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич денеска изјави дека изготвениот предлог за прекин на огнот и за ослободување на заложниците, со кој се пледира да се стави крај на војната во Газа, ќе биде пораз за Израел и тој не сака ништо да има со тоа, пренесуваат британските медиуми.
-Овој договор е пораз и понижување за Израел, рече Смотрич на состанокот на неговата партија, која е дел од коалициската влада на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
„Господине премиере, ова не е апсолутна победа. Ова е целосен неуспех. Ние нема да бидеме дел од капитулантскиот договор со Хамас“, додаде израелскиот министер за финансии.сд/
фото:МИА архива