• четврток, 26 декември 2024

Смена на директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот бараат неколку здруженија и комори

Смена на директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот бараат неколку здруженија и комори
Скопје, 28 октомври 2020 (МИА) - Смена на директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот бараат Здружението на угостителство и туризм при Стопанската комора на Македонија, Туристичко-угостителската комора при Сoјузот на стопански комори и Националната асоцијација за дојдовен туризам - НАИТМ. Смената ја бараат поради некооперативност, дисфункционалност, односно непродуктивност на институцијата одговорна за промоција и поддршка на туризмот. - Веќе подолго време институцијата има слаба продуктивност и катастрофален однос кон стопанството и Советот при Агенцијата како експертско тело во кое членуваат сите комори и бизнис асоцијации кои го третираат туризмот во Република Северна Македонија, што е резултат на лошо раководење на институцијата и немање слух за потребите на стопанството. Како последица на ваквиот однос  во прашање е доведена функционалноста на институцијата која со вакво раководење нема капацитет соодветно, прецизно и навремено да ја информира Владата за состојбите во реалниот сектор, ниту поседува авторитет да ја претставува Владата пред стопанството и јавноста, со што се предизвикува штета со големи последици која се заканува да ги обезвредни сите досегашни мерки и заложби на Владата посветени на туризмот, наведуваат во денешното соопштение. Предлагаат новиот директор да биде на предлог на реалниот сектор за што изразуваат подготвеностс веднаш да достават консензуален предлог за носител на функцијата директор на АППТСМ. - Прифаќањето на барањето на бизнис секторот  ќе претставува јасна политика на поддршка на секторот, но и поддршка на секторот кон државните политики, којашто ќе биде топло примена од реалниот сектор, велат здруженијата. бак/са/

Остани поврзан