• петок, 27 декември 2024

СМАРТ Балкан - Програма за поддршка за НВО и медиумите од Западен Балкан за зајканување на евроатлантските интеграции

СМАРТ Балкан - Програма за поддршка за НВО и медиумите од Западен Балкан за зајканување на евроатлантските интеграции
Скопје, 22 јуни 2022 (МИА) – Стабилност, сигурност и евроатлантски интеграции преку поддршка на реформите во доброто владеење со акцент на антикорупција и на перење пари се темите кои ќе бидат опфатени со програмата СМАРТ Балкан финансирана од Кралството Норвешка која ќе се спроведува во наредните четири години во шесте земји од Западен Балкан вклучувајќи ја и Северна Македонија. Како што изјави на промоцијата на програмата Марија Ристеска извршна директорка на Центарот за истражување и креирање политики, СМАРТ Балкан програмата е во вредност од 17,6 милиони евра, од кои 90 отсто или повеќе од 14 милиони евра одат во финансирање на 450 грантови за невладините организации и за медиумите од Западен Балкан. - Оваа програма е управувана од страна на три локални организации што значи дека за прв пат волку голема програма ќе ја спроведува конзорциум од Балканот што овозможува всушност најголемиот дел од средствата да одат во финансиска поддршка на НВО. Но, во исто време ќе овозможи професионално и транспарентно управување со програмата затоа што локалниот конзорциум ги познава и случувањата и потребите и недостатоците коишто ги имаме во граѓанството оптестево во регионот, рече Ристеска. Ристеска, воедно, ги повика сите НВО присутни денеска на промотивната конференција да ги следат на нивната веб-страница и на социјални медиуми објавите на повици за субгрантирање кои ќе бидат објавени до крајот на месецот. Инаку ќе поддржуваат национални интервенции, локални интервенции како и проекти коишто ќе овозможат вмрежување и тоа вмрежување помеѓу невладините организации во земјата, НВО и медиуми, како и НВО во регионот, бидејќи регионалните вмрежувања се исто така една од целите. - Како целни групи во нашата работа се јавуваат граѓаните организирани во неформални групи, кои можат да се јават на повиците. Во овој сегмент можност да се јават има и креативната заедница како имплементатор на некои ад хок идеи кои неопходни за општеството, потоа невладините организации како главна целта група и медиумите кои се важна алка за да се исполни главната цел на програмата а тоа е да се зајакне учеството на граѓаните и граѓански организации во креирање на политиките и да се овозможи евроатлантска интеграција на регионот, посочи извршната директорка на Центарот за истражување и креирање политики. На денешната промотивна Национална конференција „СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан“ првата сесија е насловена „Перспектива на безбедноста и стабилноста во Западен Балкан“, а според најавите, ќе зборуваат професорката на Институтот за безбедност, одбрана и мир Лидија Георгиева, националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам Златко Апостолски, генералниот секретар на Евроатланскиот совет на Северна Македонија Илија Џугуманов и Љубица Пендароска, експерт за сајбер безбедност и заштита на лични податоци. Вториот панел е насловен „Добро владеење и ЕУ интеграција во Западен Балкан: моменталната состојба и улогата на Граѓанските организации“, а ќе говорат професорот на Одделот за јавна администрација и политички науки при Уиверзитетот на Југоисточна Европа – Скопје, Мемет Мемети, членот на Државната комисија за спречување на корупција Владимир Георгиев, директорот на Македонскиот центар за меѓународна соработка Александар Кржаловски и Драган Секуловски од Здружение на новинари на Македонија. Проектот СМАРТ Балкан, е финансиран од страна на Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка, а имплементатори на проектот покрај Центарот за истражување и креирање политики од Северна Македонија се и Центарот за промоција на цивилното општество од Бих; и Институтот за демократија и медијација од Албанија. вг/са/

Остани поврзан