• петок, 05 декември 2025

Слот за поразот од Нотингем: Ги пропуштивме шансите, противникот ги искористи своите

Слот за поразот од Нотингем: Ги пропуштивме шансите, противникот ги искористи своите

Ливерпул, 22 ноември 2025 (МИА) – Тренерот на Ливерпул, Арне Слот е разочаран од денешниот убедлив пораз од Нотингем Форест.

„Црвените“ на свој терен загубија со 0:3.

- Тешко е да се измери колку е лош овој резултат, но секако е многу лош. Играњето дома и губењето со 3:0 е многу, многу, многу лош резултат. И е неочекувано, со оглед на првиот половина час, кој го одигравме добро. Веројатно никогаш не сме создале толку многу шанси во првиот половина час во еден натпревар оваа сезона како што направивме денес. Но, нивниот прв обид во нашиот шеснаесетник заврши со гол, и тоа е тешко да се проголта. Ги пропуштате вашите шанси, додека противници ги реализираат речиси сите свои, рече Слот.

Ливерпул по 12 натпревари во Премиер лигата има 18 бода и се наоѓа на 11. место. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан