• петок, 08 ноември 2024

Словенија воведе гранични контроли со Хрватска и Унгарија

Словенија воведе гранични контроли со Хрватска и Унгарија

Љубљана, 21 октомври 2023 (МИА) - Словенија на полноќ воведе полициски контроли на границата со Хрватска и Унгарија, а оваа мерка ќе важи најмалку 10 дена.

Словенија воведе контроли откако Италија ја објави истата мерка на границата со Словенија, а како причина ги наведе зголемените безбедносни ризици поради организираниот криминал, ескалацијата на тензиите на Блискиот исток и зголемениот прилив на мигранти, пренесува СТА.

Министерот за внатрешни работи на Словенија, Боштјан Поклукар, изјави дека граѓаните кои живеат во близина на границата и покрај воведените контроли ќе можат да продолжат да живеат нормално, истакнувајќи дека и дал инструкции на полицијата да го овозможи тоа.

За патниците ќе бидат отворени 14 контролни пунктови - 12 на границата со Хрватска и две на границата со Унгарија. паг/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан