• понеделник, 23 декември 2024

Словенија би можела да ја избрише Хрватска од листата на безбедни земји

Словенија би можела да ја избрише Хрватска од листата на безбедни земји
Трст, 29 јули 2020 (МИА) - Словенија уште утре би можела да ја стави Хрватска на листата со земји кои не се безбедни од зараза со Ковид-19, изјави портпаролот на словенечката Влада, Јелко Кацин. - Доколку во Хрватска бројот на заразените со коронавирус достигне десет на 100.000 граѓани, тогаш Словенија ќе биде принудена да ја избрише соседна Хрватска од листата на безбедни земји, нагласи Кацин. Тој истакна дека нема намера да им сугерира на Словенците да не патуваат во Хрватска на одмор, но ги предупредува граѓаните да бидат внимателни, особено младите. Кацин тврди дека Хрватска направила грешка бидејќи ги укинала сите ограничувања кои се однесуваат на ноќните клубови, рестораните и дискотеките, кои се посетени и од голем број словенечки туристи. Словенија поради порастот на бројот на заразените ја модификува мерката за собирање на јавни места и од сегашните дозволени 500 ги намали на 50 лица. Исклучок се големите манифестации, како на пример концерти на отворено. гт/

Остани поврзан