• сабота, 21 декември 2024

Словенечки медиуми: Приведен министерот за економија Здравко Почивалшек

Словенечки медиуми: Приведен министерот за економија Здравко Почивалшек
Љубљана, 30 јуни 2020 (МИА) – Дел од словенечките медиуми објави дека министерот за економија Здравко Почивалшек е приведен по извршениот претрес во неговиот дом од страна на полицијата, која бараше докази поради сомнеж за незаконски дејства при набавка на медицинска опрема, јави дописникот на МИА од Љубљана. Порталот Нецензурирано објави дека тој се сомничи за корупција, при што е направена штета на државниот буџет. Поради полициската акција, во која се извршени претреси во 11 објекти, министерот за внатрешни работи Алеш Хојс и директорот на полицијата Антон Травнер поднесоа оставки. Хојс смета дека акцијата е незаконска и направена поради политички цели. Повеќе информации се најавуваат во текот на денот. ав/гт/

Остани поврзан