• понеделник, 23 декември 2024

Словенечкиот амбасадор Предан во посета на Државниот архив

Словенечкиот амбасадор Предан во посета на Државниот архив
Скопје, 27 мај 2021 (МИА) - Словенечкиот амбасадор во земјава, Милан Предан, го посети Државниот архив и разговараше со директорот Емил Крстески, за текот на соработката на Архивот со институциите на Република Словенија. Предмет на разговор во рамки на состанокот била и најавената студија за комплетна дигитализација на Државниот архив и сите негови одделенија, како и за динамиката на веќе почнатите процеси во тој контекст. - Амбасадорот Милан Предан му нагласи на домаќинот дека ќе продолжи да го поддржува процесот на дигитализација и севкупната соработка меѓу Државниот архив и институциите од Република Словенија. Директорот д-р Емил Крстески потенцираше дека поддршката од Република Словенија е од особено значење, посебно сега кога се очекува таа да го преземе претседателството со Европската Унија, се додава во соопштението на Државниот архив. свс/сп/

Остани поврзан